Прекини на електричната енергија беа регистрирани во окупираниот Крим синоќа, додека големи пожари избувнаа во неколку градови на југот на Русија за време на ноќните украински напади врз логистичките објекти на малопродажните синџири, објавија каналите за следење на „Телеграм“ во среда.
Според каналот „Супернова Плус“, украинските беспилотни летала погодија две трафостаници во окупираната Масандра и Јалта, предизвикувајќи прекин на електричната енергија.
Five out of top ten now, with reports of another Wildberries warehouse on fire in Nevinnomysk in southern Russia. https://t.co/DXqkuaUxmF pic.twitter.com/UtEj8h0SQb
— Yaroslav Trofimov (@yarotrof) July 22, 2026
Прекини на електричната енергија беа пријавени и во окупираниот град Алушта на југот на Крим по нападот на украинските сили, според каналот „Ексиленова Плус“.
Во меѓувреме, во рускиот град Краснодар, погодени беа објектот на рускиот гигант за онлајн купување „Wildberries“, паркинг за камиони и станбени згради, тврди „Супернова Плус“, пишува „Киев Индепендент“.
IT'S MARSHMALLOW TIME FELLAS!
Krasnodar, Russia, Wildberries logistics hub
pic.twitter.com/fwCmu51kS5
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) July 22, 2026
„Како резултат на нападите со беспилотни летала во Краснодар, инфраструктурата беше оштетена на неколку локации. Делови од дрон ги оштетија балконот и прозорците на стан во Прикубанскиот округ. Нема пријавени жртви“, изјави градоначалникот на Краснодар, Евгениј Наумов.
„Непријателскиот напад го погоди и логистичкиот магацин, каде што избувна пожар. Три лица се повредени и се префрлени во медицински установи за помош“, додаде Наумов.
Друг логистички центар на компанијата „Вајлдберис“ беше погоден во градот Невиномиску во Ставрополската област, каде што избувна голем пожар, објави „Ексиленова Плус“.
Гувернерот на Ставрополската област, Владимир Владимиров, потврди дека украинските беспилотни летала погодиле магацин во Невиномиск и дека пет лица се повредени.
„Поради напад со беспилотни летала на периферијата на Невиномиск, се запали магацински комплекс. Пожарникарите и другите служби за итни случаи се на терен“, рече Владимиров.
Тврдењата, според написите во медиумите, не можеа независно да се потврдат.
Текстот (Видео) Нов украински напад врз Русија: горат логистички центри, Крим без електрична енергија е превземен од МАКФАКС.




