(Видео) Нови снимки од воените вежби на Русија и на Кина на Пацификот

(Видео) Нови снимки од воените вежби на Русија и на Кина на Пацификот

пред 1 месец

Нови снимки прикажуваат заедничка поморска патрола меѓу Русија и нејзиниот близок сојузник Кина на западен Пацифик, дел од воена соработка што отворено ги предизвикува САД во регионот, објавува „Њузвик“.

Од почетокот на војната во Украина, Русија одржува партнерство со Кина, што претседателот Владимир Путин го нарекува неограничено. Двете земји ги продлабочија воените врски, при што повеќе од половина од своите 113 заеднички вежби од 2003 година се одржаа во последните шест години. Таа соработка вклучува заеднички патроли на стратешки бомбардери и поморски бродови на Пацификот.

Најновите руско-кинески воени активности, вклучувајќи ги вежбата „Заедничко море 2025“ и поморската патрола, доаѓаат откога нивниот заеднички ривал, САД, одржа големи воздушни и поморски вежби на Пацификот во јули. Американските сили исто така учествуваат во две вежби на Алјаска и на Арктикот поради загриженоста за растечкото руско и кинеско присуство во регионот.

Кинеската морнарица, која има најголема флота воени бродови во светот, в среда објави снимки од заедничка патрола со својот руски партнер потврдувајќи дека маневрите биле успешно завршени на западен Пацифик. За време на 15-дневната патрола, која следуваше по вежбата „Заедничко море 2025“, одржана од 1 до 5 август во близина на Владивосток, двете морнарици спроведоа вежби за придружба и воздушна одбрана, објави, меѓу другото, кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“.

Деталите за патролата, вклучувајќи ги и рутите, остануваат нејасни. На 12 август Руската пацифичка флота објави дека три брода се закотвиле во заливот Авача на полуостровот Камчатка, речиси 925 километри од најзападниот дел на Алеутските Острови на Алјаска. Додека руските и кинеските бродови беа на море, САД испратија разурнувач во водите околу Алеутските Острови како дел од операциите за поддршка на морската одбрана на татковината.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Нови снимки од воените вежби на Русија и на Кина на Пацификот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top