Украински медиуми објавија страшни снимки од напад врз градот Харков, во кој како што велат има десетици мртви.
Една од снимките сподели и портпаролката на украинскиот претседател Зеленски, Јулија Мендел.
Росіяни обстріляли Харків pic.twitter.com/tj3DgDSAZl
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) February 28, 2022
За време на преговорите меѓу Русија и Украина во Белорусија, агресијата врз украинските градови не престана. Според снимките кои моментално се појавуваат на социјалните мрежи, вториот по големина град во Украина, Харков, бил силно гранатиран.
Неколку снимки, споделени од голем број истакнати новинари и дипломати на Твитер, покажуваат експлозии, запалени автомобили, остатоци од проектил буквално забиен во асфалтот на патиштата, а се гледаат убиени и ранети цивили. Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за време на артилерискиот напад загинале десетици луѓе.