(Видео) Патнички брод се преврте кај Кипар, 279 лица биле на него

(Видео) Патнички брод се преврте кај Кипар, 279 лица биле на него

пред 1 час

Патнички брод на компанијата „Filo Jet“, кој превезувал повеќе од 250 патници, се превртел кратко по испловувањето од пристаништето Ѓирне на северот на Кипар, јавува локалниот медиум „Özgür Gazete Kıbrıs“.

Несреќата се случила на околу два до три километри од брегот. Патниците кои биле на бродот се искачиле на превртениот труп на пловилото, каде што ја чекаат помошта и евакуацијата.

Во тек е голема спасувачка операција во која учествуваат бродови на крајбрежната стража, хеликоптери, приватни пловила, како и бродови на други компании.

На брегот се распоредени и поголем број возила на итната медицинска помош, кои треба да им пружат помош на патниците веднаш штом бидат префрлени на копно.

Според досегашните информации, на бродот имало 279 лица, а турските медиуми јавуваат дека дел од патниците можеби се повредени. Засега нема официјални информации за бројот на повредени или евентуални жртви.

Текстот (Видео) Патнички брод се преврте кај Кипар, 279 лица биле на него е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top