(Видео) Повторно еруптираше вулкан на Исланд

(Видео) Повторно еруптираше вулкан на Исланд

пред 2 години

Вулкан во југозападен Исланд денеска еруптираше, исфрлајќи вжештена лава и чад, по шести пат од декември, соопшти денеска Исландската метеоролошка служба.

Вкупната должина на пукнатината била околу 3,9 километри и се проширила за 1,5 километри за околу 40 минути, се вели во соопштението на метеоролошката канцеларија на Исланд, која ги следи вулканите.

„Ударот е ограничен на локализирана област во близина на местото на ерупцијата. Тој не претставува закана за животот и областа во близина е евакуирана“, соопшти Министерството за надворешни работи на Исланд на социјалната мрежа Икс.

Текстот (Видео) Повторно еруптираше вулкан на Исланд е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top