(Видео) Подвижен мост во Њујорк се заглави поради високите температури

(Видео) Подвижен мост во Њујорк се заглави поради високите температури

пред 6 месеци

Мостот што го поврзува њујоршкиот Бронкс со Менхетен вчера остана заглавен на отворена позиција поради високите температури.

Имено, температурата на воздухот била 35 степени Целзиусови, па металот се проширил, а мостот не можел да се помести од отворената положба.

Итната помош излегла на терен и ја полиле конструкцијата со вода за да го вратат металот во првобитната положба, а поради околностите се до вечерните часови имало голема гужва.

Инаку, ова е втор топлотен бран во Њујорк ова лето, а се очекува влажноста да го зголеми чувството на топлина денеска.

Синоптичарите велат дека екстремните температури и влажност најверојатно ќе продолжат уште неколку дена.

Текстот (Видео) Подвижен мост во Њујорк се заглави поради високите температури е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top