Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и Полигирос. На помош на пожарникарите дошле и хеликоптери.
View this post on Instagram
На терен се вкупно 22 пожарникари, еден хеликоптер и девет возила на итната пожарна служба. Засега пожарот не ги загрозува населените места.
Исто така, голем пожар избувна во близина на Патра на Пелопонез. Нема жртви.
Текстот (Видео) Пожар на Халкидики, засега не се загрозени населените места е превземен од МАКФАКС.