(Видео) Пожари во Франција: властите издадоа вонредна наредба, луѓето бегаат

(Видео) Пожари во Франција: властите издадоа вонредна наредба, луѓето бегаат

пред 2 часа

Шумскиот пожар што вчера го зафати подрачјето во близина на сливот Аркашон во францускиот департман Жиронд се прошири на околу 2.000 хектари, а речиси 12.000 луѓе се евакуирани како мерка на претпазливост, објави префектурата.

Утрово, властите наредија евакуација на уште околу 7.000 луѓе, а мерката се однесува на шест кампови и една станбена област северно од Кап Фере, популарна туристичка дестинација во текот на летната сезона, објави „Фигаро“.

Префектурата синоќа објави дека најмалку 4.600 луѓе веќе се евакуирани од домовите и сместувачките капацитети во загрозената област.

Текстот (Видео) Пожари во Франција: властите издадоа вонредна наредба, луѓето бегаат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top