(Видео) Полицијата го уапси возачот кој прегази група луѓе во Германија

пред 3 години

Камерите го снимиле моментот кога полицијата апсеше возачот на автомобилот кој влета на пешачката зона во германскиот град Трир, убивајќи најмалку четири лица и повредувајќи уште неколку други.

На видеото се гледа како тројца полицајци му ставаат лисици на осомничениот, а може да се види и темно сивиот „ренџ ровер“ со кој луѓето беа покосени на улицата.

Осомничениот возеше со голема брзина низ пешачката зона во центарот на Трир.

Најмалку 4 лица загинаа, а 15 други беа повредени во инцидентот, изјави за локалните медиуми Волфрам Леибе, градоначалникот на Трир.

Полицијата го опколи центарот на градот додека ги истражува околностите и можниот мотив на возачот.

Осомничениот е 51-годишен жител на областа Трир-Сарбург, објави полицијата на Твитер.

Share
Scroll to Top