И покрај изјавите на талибанските лидери дека им ги гарантираат сите права на жените во Авганистан, на социјалните мрежи се појави снимка на која како што пренесуваат светските агенции жени кои се затворени молат да бидат евакуирани.
На Твитер е објавена снимка од авганистански девојки кои очајно ги молат американските војници кои го контролираат аеродромот во Кабул да ги спасат.
Painful video shows Afghan girls at #Kabul airport begging #US troops to let them leave #Afghanistan. These girls know what is coming for them in life under Sharia laws of #Taliban. They are allowed to go to school until age of 12. After that, Taliban turns them to child brides. pic.twitter.com/ycZeUOscWe
— Babak Taghvaee – Μπάπακ Τακβαίε – بابک تقوایی (@BabakTaghvaee) August 18, 2021
Mедиумите потсетуваат дека портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид, изјави претходно, на првата официјална прес -конференција по падот на Кабул во рацете на Талибанците, дека тие им ги гарантираат на жените сите права според шеријатскиот закон, додавајќи дека жените можат да работат во образованието и здравството.
Малкумина навистина веруваа во тоа, бидејќи Талибанците веќе владееја со Авганистан според строгите шеријатски правила, во кои нема ништо друго освен жените да бидат затворени во куќи, покриени од глава до пети и да им користат на мажите за да имаат што повеќе деца. Исто така, според овие закони, на талибанските мажи им се потребни синови, а не ќерки, и ако жената роди девојчиња, постојат различни начини да се казни, анализираат медиумите.