Најмалку еден човек загина, а илјадници се евакуирани во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните дождови во Британска Колумбија, во западна Канада.
Тело на жена е пронајдено во близина на одрон на автопат на околу 250 километри северно од Ванкувер, а потрагата по исчезнатите продолжува и денеска, соопшти канадската полиција.
Околу 7.000 луѓе вчера беа евакуирани од Мерита, град на 300 километри североисточно од Ванкувер. Врнежите престанаа, но многу патишта се уште се поплавени.