(Видео) Протест во центарот на Загреб против ковид-мерките, насобраните скандираа-Пленковиќ оди си

пред 3 години

Во Загреб во 15 часот започна голем протест против ковид сертификатите и епидемиолошките мерки. Демонстрантите се собраа на две места и излегоа на протестна прошетка низ улиците на главниот град на Хрватска, пренесуваат медиумите во регионот.

Насобраните извикуваа „Пленковиќ оди си!“, „Борете се, борете се за својот народ!“, а дел од учесниците носеа транспаренти на кои пишува „Слобода не се бара , слободата се живее!“, пишуваат агенциите.

Од загрепската полиција изјавиле дека протестот не бил пријавен, но дека знаеле за собирот. Полицијата секогаш е на масовни собири со цел да го обезбеди јавниот ред, изјавиле од полицијата, пренесува Индекс.

„Ова што го направивме денеска е чудо. Немаше политичари, немаше организации и затоа е чудо. Бараме итно укинување на потврдите за Ковид“, рече организаторот на протестот Андрија Клариќ.

Меѓу барањата на демонстрантите, како што пишуваат медиумите е и итното укинување нма ковид-потврдите за цела Хрватска.

Share
Scroll to Top