(Видео) Протести во Холандија против карантинот, полицијата употреби водени топови

пред 3 години

Неколку илјади луѓе денеска излегоа на протест во Амстердам поради националната блокада воведена за забавување на ширењето на пандемијата на коронавирусот, пред полицијата да ги растера.

Демонстрантите се собраа држејќи натписи: „Слобода: Стоп за оваа опсада“ и извикувајќи „Што сакаме? Слобода!“.

Ниту еден од собраните не носеше маски, кои, сепак, не се задолжителни, а само некои од нив одржуваа физичка дистанца.

Властите не издадоа дозвола за одржување на протестот на плоштадот пред музејот „Ван Гог“.

Бидејќи демонстрантите одбија да се разотидат, полицијата користеше водени топови за да ги растера.

Холандската влада ги затвори училиштата и повеќето продавници во декември за да го намали ширењето на коронавирусот, а оваа недела го продолжи карантинот за уште три недели.

Share
Scroll to Top