(Видео) Протести во цела Србија по крвавата ноќ во Нови Сад

(Видео) Протести во цела Србија по крвавата ноќ во Нови Сад

пред 5 часа

По синоќешното полициско насилство на кампусот на Универзитетот во Нови Сад, денеска веќе се одржуваат протести во повеќе српски градови. Илјадници граѓани и студенти се собраа на улиците како одговор на, како што велат, бруталните акции на полицијата.

Од Центарот на протестите во Нови Сад се јавуваат пораки на отпор: „Ќе одговарате. Ќе одговарате. Ќе одговарате“. Студентите во блокада обвинија дека инцидентите биле инсценирани, а полициската интервенција однапред планирана. „Оние кои го нарачаа синоќешниот варваризам се свесни дека институционалното решавање на кризата би ги довело до доживотен затвор и се подготвени да ја жртвуваат Србија за да се спасат себеси“, наведоа тие.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mašina (@masina.rs)

 

 

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека 13 полицајци се повредени, а 42 лица се приведени. Полицијата и понатаму останува распоредена пред Ректоратот и Филозофскиот факултет.

Деканите на неколку факултети на Универзитетот во Нови Сад пак побараа оставка од ректорот Дејан Мадиќ, наведувајќи дека токму на неговиот кампус полицијата извршила насилен упад врз мирни студенти. „Насилното однесување на неколку демонстранти не може да биде изговор за неселективна употреба на хемиски средства против илјадници граѓани,“ стои во нивната заедничка изјава.

Ситуацијата доби и меѓународна димензија – групата социјалисти и демократи во Европскиот парламент остро го осудија и полициското насилство и изјавите на претседателот Александар Вучиќ, кој европратениците ги нарече „олош“.

Текстот (Видео) Протести во цела Србија по крвавата ноќ во Нови Сад е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top