(Видео) Протести на Кипар против британските воени бази: „Сакаме да се затворат“

(Видео) Протести на Кипар против британските воени бази: „Сакаме да се затворат“

пред 4 дена

Граѓани на Кипар протестираа во Никозија против британските воени бази на островот, барајќи нивно затворање, по неодамнешниот напад со дрон врз базата РАФ Акротири, пишува „Гардијан“.

Демонстрантите маршираа кон претседателската палата извикувајќи „надвор со базите на смртта“, стравувајќи дека Кипар може да биде вовлечен во поширок конфликт со Иран.

„Тие се опасност за нашата безбедност и никогаш не требаше да бидат тука. Сакаме да се затворат“, изјави демонстрантот Матхаиос Ставринидес.



Кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос изјави дека дронот што ја погодил базата бил лансиран од Либан, каде дејствуваат ирански сојузници.

Базата РАФ Акротири е главно британско упориште за операции на Блискиот Исток и најважната територија што Велика Британија ја задржа на островот по независноста на Кипар во 1960 година.

По нападот, Велика Британија испрати хеликоптери „Вајлдкет“ и борбени авиони Ф-35, а се очекува да пристигне и разурнувачот HMS Dragon за дополнително зајакнување на одбраната.

Кипарските власти во меѓувреме повторија дека земјата нема намера да учествува во воени операции, но истакнаа дека „ништо не е исклучено“ кога станува збор за иднината на британските воени објекти на островот.

Фото: Depositphotos

Текстот (Видео) Протести на Кипар против британските воени бази: „Сакаме да се затворат“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top