(Видео) Пукање пред израелскиот конзулат во Истанбул: има загинати и повредени

(Видео) Пукање пред израелскиот конзулат во Истанбул: има загинати и повредени

пред 3 часа

Денес се случи пукање пред зградата каде што се наоѓа израелскиот конзулат во Истанбул и, според првичните информации, три лица се „неутрализирани“, а двајца осомничени се убиени.

„Три лица се неутрализирани, а двајца осомничени се убиени. Двајца полицајци се повредени во пукањето“, објави Полициската управа во Истанбул, пренесува „Хуриет“.

Според „НТВ“, пукањето во Бешикташ, делот од градот каде што се наоѓа конзулатот, траело околу пет минути.

Осомничените наводно пристигнале во областа облечени во мааскирни униформи и отвориле оган врз полицијата.

Обезбедувањето и полицајците на вратата ги забележале напаѓачите како носат оружје со долги цевки и ги предупредиле да застанат отворајќи оган, по што следела пукотница. Веднаш по пукањето, двајцата напаѓачи биле убиени од полициски екипи.

Третиот напаѓач се скрил зад возило и продолжил да пука врз полицијата. Според „Хуриет“, неговата цел била да влезе во зградата и да стигне до конзулатот. Кога полицијата одговорила, третиот напаѓач бил исто така ранет од огнено оружје. Подоцна бил уапсен.

Безбедносните мерки во таа област моментално се засилени, бидејќи се верува дека може да има повеќе напаѓачи, според медиумите.

Фото: ЕПА

Текстот (Видео) Пукање пред израелскиот конзулат во Истанбул: има загинати и повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top