(Видео) Путин и Кси во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“

(Видео) Путин и Кси во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“

пред 4 недели

Кинескиот претседател Кси Џинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин започнаа билатерални разговори во Пекинг пред големата воена парада во кинеската престолнина по повод 80-годишнината од победата над Јапонија во Втората светска војна. Путин ги пофали односите меѓу двете земји, велејќи дека се на „невидени нивоа“, објави Би-би-си.

Според снимка објавена на официјалниот канал Телеграм на Кремљ, Путин му рекол на Кси: „Драг пријателе, јас и целата руска делегација сме задоволни што повторно се среќаваме со нашите кинески пријатели и колеги“.

Тој нагласи дека нивната блиска комуникација ја одразува стратешката природа на руско-кинеските врски.

„Нашата блиска комуникација ја одразува стратешката природа на руско-кинеските односи, кои се на невидено високо ниво“, рече Путин, додавајќи: „Секогаш сме биле заедно и сега остануваме заедно“.

Кси до Путин: Нашите односи го издржаа тестот на меѓународните промени
Кси му возврати на Путин, велејќи дека „кинеско-руските односи го издржаа тестот на меѓународните промени“. Тој додаде дека Пекинг е подготвен да соработува со Москва за „промовирање на изградбата на поправеден и поразумен систем на глобално управување“.

Се очекува Кси утре да биде домаќин на најголемата воена парада во историјата на Кина. Парадата се одржува по повод 80-годишнината од предавањето на Јапонија на Кина на крајот од Втората светска војна, испраќајќи силна порака за воената моќ на земјата.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Путин и Кси во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top