(Видео) Разорен земјотрес во Индонезија: урнати згради, има мртви

(Видео) Разорен земјотрес во Индонезија: урнати згради, има мртви

пред 1 час

Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди северниот дел на Молучкото море, покрај брегот на Индонезија, а издадено е и предупредување за цунами, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Индонезиските власти издадоа предупредувања за цунами за делови од провинциите Северен Малуку и Северен Сулавеси, додека локалните власти во градови како Тернате и Тидор ги повикаа жителите да се подготват за евакуација.

Според американскиот систем за предупредување од цунами, можни се опасни бранови во радиус од 1.000 километри од епицентарот, по должината на бреговите на Индонезија, Филипините и Малезија. Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека бранови помеѓу 0,3 и еден метар надморска височина би можеле да погодат некои крајбрежни области на Индонезија.

Помали бранови се можни и по должината на бреговите на други земји во регионот, вклучително и Јапонија, каде што се очекуваат бранови до 0,2 метри без значителни последици. Предупредувањето подоцна беше повлечено. Епицентарот на земјотресот беше на околу 120 километри од градот Тернате во провинцијата Северен Малуку.

Седумдесетгодишна жена почина откако беше згмечена од урнатини, потврди локалната служба за пребарување и спасување. Жртвата била жителка на округот Минахаса во Северен Сулавеси.

Спасувачите објавија и видео снимка од тешко оштетена зграда во Манадо, град на северниот врв на островот Сулавеси. На снимката се гледаат луѓе збиени во купишта урнатини околу зграда управувана од националниот спортски комитет, а во позадина се слушаат извици „О, Боже мој“.

Големи парчиња мебел беа расфрлани по земјата, додека металните конструкции беа свиткани и деформирани.

Текстот (Видео) Разорен земјотрес во Индонезија: урнати згради, има мртви е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top