(Видео) Русија ги засилува нападите, 250.000 Украинци останаа без струја

(Видео) Русија ги засилува нападите, 250.000 Украинци останаа без струја

пред 31 минута

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени синоќа, оставија стотици илјади потрошувачи без електрична енергија во регионите Днепропетровск и Харков, соопштија властите и еден украински енергетски оператор.

Украина се подготвува за уште една исклучително тешка воена зима, додека Русија ги засилува секојдневните воздушни бомбардирања, гаѓајќи ја електроенергетската мрежа со беспилотни летала и ракети.

„Во централниот регион Днепропетровск, повеќе од 600.000 жители останаа без електрична енергија“, објави украинскиот оператор ДТЕК (DTEK) на Телеграм, по ноќните напади во кои беа оштетени клучни енергетски објекти. Од компанијата наведоа дека поправките на мрежата се отежнати поради повторените напади.

Во посебен инцидент, руско беспилотно летало погоди клучен објект во североисточниот регион Харков, извести на социјалните мрежи Микола Бакшејев, градоначалникот на градот Златопил.

„Речиси 250.000 потрошувачи во регионот Харков се без струја“, изјави тој. Во тек се поправки.

Енергетската инфраструктура во пет украински региони, вклучувајќи ги Днепропетровск и Харков, беше цел на масовни руски напади завчеравечер, што доведе до прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги осуди овие напади како форма на „притисок“ од страна на Москва пред трилатералните преговори, за кои се очекува да продолжат следната недела.

Текстот (Видео) Русија ги засилува нападите, 250.000 Украинци останаа без струја е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top