(Видео) Се урна дел од кулата Торe деи Конти во центарот на Рим – еден работник заробен под урнатините, четворица спасени

(Видео) Се урна дел од кулата Торe деи Конти во центарот на Рим – еден работник заробен под урнатините, четворица спасени

пред 7 часа

 

Дел од кулата Торе деи Конти во центарот на Рим, која во моментот се реконструира, се урна денеска, објавија италијанските медиуми. Објектот се наоѓа во близина на римскиот Форум. Според првичните информации, еден работник е повреден, а четворица, кои биле блокирани во горниот дел од кулата, се спасени.

Околу 13 часот се случило второ уривање додека спасувачките екипи и полицијата веќе биле на терен поради првиот инцидент, кој се случил околу 11.20 часот, пренесува „Кориере дела сера“.

Работникот кој сè уште е заробен под урнатините е државјанин на Романија. Специјалната единица на пожарникарите (SAF) се обидува да му пристапи преку мал прозорец од левата страна на кулата. Тој се наоѓа на првиот кат, свесен, е одговара на повици и соработува со спасувачите.

Во моментот кога пожарникарите се обидувале да го извлечат заробениот работник се случило ново уривање на внатрешниот дел од структурата. Кулата сега е нестабилна и постои ризик од целосно уривање. Целото подрачје е евакуирано и обезбедено, а облак од прашина ги покрил спасувачите и случајните минувачи, но без потешки последици.

Еден од спасените работници, стар 64 години, е итно пренесен во болница.

Текстот (Видео) Се урна дел од кулата Торe деи Конти во центарот на Рим – еден работник заробен под урнатините, четворица спасени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top