Новинар на Си-eн-eн известува дека руските сили го заземале аеродромот Антонов, кој се наоѓа на 20 километри од Киев.
„Овие војници што ги гледате, тоа се војници од руските воздухопловни сили. Тие го зазедоа аеродромот“, се наведува во ивештајот објавен на „Твитер“.
Breaking: @mchancecnn with Russian forces at the Antonov airport about 15 miles outside of Kyiv. “These troops you can see over here, they are Russian airborne forces. They have taken this airport” pic.twitter.com/SnvmwQ1GeA
— Natasha Bertrand (@NatashaBertrand) February 24, 2022
Од раните утрински часови се водат жестоки борби. Руските сили напаѓаат од повеќе правци, поддржани од сепаратистите и Белорусија. Проектили паѓаат врз украинските градови, се слушаат сирени, а голем број луѓе ги напуштаат градовите.
Советникот на кабинетот на претседателот на Украина, Микаило Подолијак, денеска соопшти дека постои можност руски војници да влезат во владини објекти во центарот на Киев со цел да се спроведе специјална операција за соборување на украинската влада.