(Видео) Силен земјотрес го погоди Еквадор

(Видео) Силен земјотрес го погоди Еквадор

пред 3 дена

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денес брегот на Еквадор, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), при што се оштетени зградите во градот Есмералдас и привремено е затворен дел од нафтената инфраструктура.

Земјотресот се случил на длабочина од 23 км, соопшти ЕМСЦ.

Владата во прелиминарен извештај објави дека едно лице е повредено и дека неколку јавни згради и приватни домови се оштетени. Поради земјотресот, во некои области беше прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Претседателот Даниел Нобоа напиша во објава на социјалната платформа Икс дека владата работи на изградба на засолништа, доставување хуманитарна помош за децата и „помош со сè што му е потребно на населението“.

Еквадорскиот геофизички институт, кој ја процени јачината на земјотресот на 6,0, извести за втор земјотрес со јачина од 4,1 степен, кој се случи неколку минути подоцна во покраината Гвајас.

Текстот (Видео) Силен земјотрес го погоди Еквадор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top