Од утрово во Киев одекнуваат експлозии.
Според украинските медиуми, погодена е станбена зграда, а повредено е едно лице.
Пожарот избувнал на првите пет ката од 10-катница, нема загинати но има едно лице повредено и итно пренесено во болница, соопштија украинските служби.
У Києві – повітряна тривога, пролунали декілька вибухівhttps://t.co/bHi4gyer98 pic.twitter.com/UWnOEdP70E
— Ukrinform (@UKRINFORM) March 15, 2022
„ Непријателот продолжува да го напаѓа Киев. Рано утрото гранати погодија неколку станбени згради – 2 високи згради во областа Свјатошински, 1 во Подилски. И една приватна куќа“.
„ Жртви има и во станбени згради. Останете во засолништата“ напиша Виталиј Кличко.