(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

пред 3 години

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите низ Хаваите.

Сепак, властите предупредуваат на можно влошување на ситуацијата.

Националната метеоролошка служба соопшти дека поради невремето се закануваат катастрофални поплави и во наредните денови. Гувернерот на Хаваите, Дејвид Иге предупреди во изјава до граѓаните да подготват план за вонредни ситуации и да бидат снабдени со залихи во случај на евакуација, пренесува АП.

На островот Мауи веќе се забележани прекини на струја и поплави, додека на островот Мајор Мич Рот во неделата беше прогласена вонредна состојба.

Share
Scroll to Top