Израел објави трогателно видео од заложникот Бар Куперштејн, кој беше ослободен денес, како го прегрнува своето семејство првпат по две години заложништво во Газа.
Бар Куперштејн (23) работеше на фестивалот Нова пред киднапирањето и остана да им помогне на жртвите од масакрот што го изврши Хамас на 7 октомври 2023 година. Семејството немаше вести за него до април оваа година, кога се појави во видео со Максим Херкин, уште еден заложник на Хамас ослободен денес.
Сите живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени по 738 дена, објавија денес израелските медиуми, а конвои со стотици палестински затвореници почнаа да ги напуштаат израелските затвори, покажуваат телевизиските снимки.
Bar Kuperstein reunites with his family after two years in captivity. pic.twitter.com/3mr8btH9IC
— Yaakov Strasberg (@YaakovStras) October 13, 2025
Според израелските медиуми, сите ослободени заложници се во добра состојба.
По нивното ослободување подоцна ќе следи предавање на телата на преостанатите 28 починати заложници, процес што Израел не очекува да биде завршен денеска. За возврат, Израел ќе ослободи околу 2.000 палестински притвореници.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес пристигна во Кнесетот, израелскиот парламент во Ерусалим, каде што се очекува да одржи говор.
Обраќањето на Трамп пред израелските пратеници доаѓа во време кога Израел ги враќа последните 20 заложници земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври 2023 година, како дел од прекинот на огнот посредуван од Белата куќа.
„Ова е голема чест за мене, одличен ден, прекрасен ден. Нов почеток“, напиша тој во книгата за гости на Кнесетот.
Текстот (Видео) Снимен моментот кога еден од ослободените заложници од Газа се сретна со своето семејство е превземен од МАКФАКС.