Хрватска утрово беше погодена од силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, а потоа следеа уште два силни земјотреси од 4,7 и 4,1 степен.
Првиот потрес се случил утрово во 6.28 часот, на само пет километри од Петриња, на длабочина од два километри. Градоначалникот на тоа место рече дека има штети.
„Нè погоди силен земјотрес, никогаш не сум го доживеал ова. Не знам дали има жртви, има материјална штета. Мислам дека Петриња доживеа катастрофа. После војните, по корона-кризата, само уште земјотрес ни требаше. Од централната власт очекуваме помож и навремена. Утре. Веднаш. Вчера“, изјави Даринко Думбовиќ за хрватските медиуми и додаде дека во градот владее паника.
После првиот, следеше уште еден силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. ЕМСЦ известува дека тој се случил во 7.50 часот, а епицентарот бил недалеку од Петриња.
Третиот земјотрес бил со јачина од 4,1 степен.
Петриња се наоѓа на само 50 километри југоисточно од Загреб и 13 километри југозападно од Сисак.
Шефицата на сеизмолошката служба во Хрватска, Инес Иванчиќ, ги предупреди граѓаните на можност од нови земјотреси во наредните часови и денови.
На социјалните мрежи се појавија и првите снимки од најсилниот земјотрес, направени од надзорните камери во Сисак.
Security camera captures #earthquake #potres in Sisak, Croatia. pic.twitter.com/Uu38RQqkY1
— mike (@MambaMike13) December 28, 2020
„Огледалото падна покрај мојата глава. Куќата се тресеше како да е направена од хартија. Лежев неподвижна во креветот и се покрив со јорганот над глава. Татко ми дојде по мене за да излеземе надвор”, изјавила за хрватските медиуми девојка од Сисак.
Во меѓувреме, пристигнуваат и други фотогроафии од материјалната штета причинета од потресите.
Kuća se tresla kao da je od papira, tvrdi uplašena hrvatica (FOTO) #Hrvatska #Croatia @LastQuake #zemljotres #quake https://t.co/IU0ihmuiAa
— Radio Sarajevo (@radiosarajevo) December 28, 2020
Jak zemljotres koji je jutros u 6.28 pogodio Hrvatsku osetio se najjače u Sisku, Petrinji i Zagrebu, a veliki broj građana je u strahu od novih potresa istrčao na ulice.#Sisak #Croatia #earthquake https://t.co/RvNwhrlPYO
— espreso.rs (@RsEspreso) December 28, 2020
По потресите нема дојави за жртви, но пријавени се сериозни материјални штети.