Студент на Универзитетот „Јута Вали“, кој му го постави на Чарли Кирк последното прашање пред да биде убиен конзервативниот активист, проговори за пукањето.
Хантер Козак, студент по математика на Универзитетот, објави видео на социјалните мрежи реагирајќи на веста, поточно на неговата улога во последните моменти на Кирк. „Не знам како да го направам ова видео. Беа тешки 24 часа. Јас бев последната личност што разговараше со Чарли Кирк“, рече Козак.
Козак го праша Кирк дали знае колку трансродови Американци се одговорни за масовни пукања во изминатата деценија, на што Кирк одговори: „Премногу“.
Студентот одговори дека бројот е само пет, а потоа го праша Кирк дали знае колку масовни пукања имало во Соединетите Американски Држави во изминатата деценија. Кирк возврати со прашање: „Дали го броиме насилството на бандите?“ Неколку секунди подоцна, тој беше застрелан и убиен.
The man who asked Charlie Kirk the tr*nsgender question before he was shot breaks his silence.
“The point I was trying to make is how peaceful the left was (long pause) right before he got shot.” pic.twitter.com/NkF6yqsr6B
— Vigilant Fox 🦊 (@VigilantFox) September 11, 2025
Обраќајќи им се на оние што го славеа пукањето, Козак рече: „Првин на сите, вие болни ебани психопати, кои мислите дека ова е одговорот, не е. Не знам што друго да кажам. Ужасно е, децата се без татко. Чарли имаше две деца и жена“.
„Не сакам ова да биде за мене, но имам две деца и жена, и ако моето едногодишно момче, како и неговото едногодишно момче, порасне без сеќавање на својот татко, тоа е трагедија и тешко е да се справите со тоа“, нагласи тој.
„Луѓето очигледно укажаа на иронијата дека пред да биде застрелан се обидував да ја истакнам поентата колку е мирољубива левицата, а тоа има смисла само ако останеме мирољубиви“, тврди Козак.
„Колку и да не се согласувам со Чарли Кирк, јавно признавам колку не се согласувам со Чарли Кирк, но тој е сепак човечко суштество. Дали го заборавивме тоа?“, праша тој.
фото: принтскрин
Текстот (Видео) Студентот што го постави последното прашање на Кирк пред да биде убиен испрати порака до оние што го слават убиството е превземен од МАКФАКС.