(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“

(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“

пред 4 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го добијат Гренланд, откако новинарите го прашаа за тоа на брифингот во Белата куќа по повод неговата прва година на функцијата.

„Ќе дознаете“, одговори Трамп отсечно кога го прашаа колку далеку е спремен да оди Вашингтон во процесот.

Неговите коментари доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу САД и Европа, бидејќи Трамп повторно го засили притисокот околу Гренланд, наведувајќи безбедносни проблеми и се закани дека ќе воведе нови царини за европските земји.

Претседателот на САД најави царина од 10 проценти за стоки од осум европски земји додека не се постигне договор за она што тој го нарече „целосно купување на Гренланд“.

Текстот (Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top