Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно предизвика бурни реакции со изјава за Гренланд, со која го доведе во прашање правото на Данска над оваа територија. Трамп порача дека историското „откривање“ на една земја не значи автоматски и сопственост врз неа.
Во видео-снимка што вчера се прошири на социјалните мрежи, Трамп истакна дека има позитивен однос кон Данците, но ги оспори нивните историски аргументи.
„Беа многу љубезни кон мене и тоа го ценам. Но фактот дека пристигнале таму со брод пред 500 години не значи дека ја поседуваат таа територија“, изјави Трамп во разговор со новинари.
Trump on Greenland:
The fact that they landed a boat there 500 years ago doesn’t mean they own the land. pic.twitter.com/Ybha6NfyTb
— Clash Report (@clashreport) January 9, 2026
Неговата изјава се надоврзува на претходните настапи и интерес за Гренланд – автономна територија во состав на Кралството Данска, која има големо геостратешко значење и е богата со природни ресурси.
„Ќе преземеме нешто во врска со Гренланд, им се допаѓало тоа ним или не, затоа што ако ние не го направиме тоа, Русија или Кина ќе го преземат Гренланд, а ние не сакаме Русија или Кина да ни бидат соседи“, изјави Трамп, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој додаде дека би претпочитал да се постигне договор, но остави отворена закана.
„Би сакал ова да го решиме со договор, знаете, на полесен начин. Но ако тоа не го направиме на полесен начин, ќе го направиме на потежок начин“, рече Трамп.
Текстот (Видео) Трамп: Данците пристигнале на Гренланд со брод пред 500 години, но тоа не значи дека е нивен е превземен од МАКФАКС.






