(Видео) Трамп постави барања до Европа и до Зеленски, само од Путин не бара ништо

(Видео) Трамп постави барања до Европа и до Зеленски, само од Путин не бара ништо

пред 2 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Европската Унија да престане да купува нафта од Русија поради војната во Украина и му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека мора да постигне мировен договор со Владимир Путин.

Трамп ги опиша постојните европски санкции како недоволни и ги повика сојузниците во НАТО да воведат санкции врз Кина поради нејзината поддршка за Русија. Интересно е што, за разлика од Европа и Зеленски, тој не постави никакви барања до рускиот претседател Владимир Путин.

Порака до Зеленски и Европа
Во разговор со новинарите денес, Трамп ги повтори своите барања до Украина и Европа. „Зеленски ќе мора да склучи договор. И Европа мора да престане да купува нафта од Русија“, рече Трамп, нагласувајќи дека украинскиот претседател мора да постигне мировен договор со рускиот претседател Владимир Путин.

Изјавите доаѓаат само еден ден откако тој рече дека не сака европските нации да продолжат да купуваат нафта од Русија и ги критикуваше нивните санкции како „не доволно строги“.

„Санкциите мора да бидат построги“
Трамп ја повтори својата долгогодишна загриженост за војната во Украина и неговата желба да посредува во мировен договор меѓу Москва и Киев.

„Европа купува нафта од Русија. Не сакам тие да купуваат нафта – а санкциите што ги воведуваат не се доволно строги. Јас сум подготвен да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите санкции пропорционално на она што го правам“, рече тој.

Текстот (Видео) Трамп постави барања до Европа и до Зеленски, само од Путин не бара ништо е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top