(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

пред 3 години

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина на Анталија, на југот на Турција.

Евакуирани се 20 градски области и соседните села, 112 лица се повредени, од кои 58 се хоспитализирани, главно поради труење со чад.

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли рече дека пожарот што избувна вчера е ставен под контрола и дека денеска не се загрозени имоти и луѓе.

Српската пејачка Јелена Карлеуша е една од туристите кои се најдоа во Турција за време на оваа голема катастрофа. Таа објави видео од брод со кој се евакураиле гостите од хотелот над кој се гледаат пламени јазици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Еден противпожарен авион, 19 хеликоптери, околу 250 возила и 960 лица биле дел од гаснењето на пожарот. Властите евакуираа 18 села во одморалиштето Анталија, додека уште 16 села беа евакуирани во соседните провинции Адана и Мерсин.

Телевизиските снимки во Турција пренесуваат слики од опожарени станбени згради и луѓе кои бегаат од полињата додека пожарникарите се борат со огнот.

Официјалните лица изјавија дека пожарите биле најголеми досега. Пакдемирли рече дека од вторникот се пријавени 41 пожар во 13 од 81 покраина во Турција, од кои 31 се ставени под контрола.

Турција се бори со серија катастрофи предизвикани од екстремните временски услови ова лето, вклучувајќи ги и поплавите минатиот викенд во кои загинаа шест лица.

Share
Scroll to Top