(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откако е ослободен од Хамас

(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откако е ослободен од Хамас

пред 8 часа

Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати со своето семејство во Израел, откако помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во Газа.

Дваесет и едногодишниот Александар служел во израелската армија на границата со Газа кога бил заробен од членови на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Во понеделникот, Израел ги прекина воените операции во Газа на неколку часа за да се овозможи негова размена. Висок функционер на Хамас изјави за Би-би-си дека ослободувањето на заложниците е „гест на добра волја“ како дел од напорите за постигнување нов прекин на огнот, пред пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот Исток во вторник.

Се верува дека Александар е последниот жив американски државјанин држен во заробеништво од Хамас.

Претседателот Трамп му честиташе на неговото семејство за ослободувањето.

Телевизиските снимки го покажуваат Едан Александар како насмеано ги прегрнува своите родители и браќа и сестри во израелска воена база.

Во изјава за медиумите, неговото семејство му се заблагодари на американскиот претседател, но исто така ги повика израелската влада и преговарачите да продолжат да работат на ослободување на преостанатите 58 заложници.

Александар е првиот заложник ослободен од Хамас откако Израел ги продолжи воените операции на 18 март по двомесечното примирје.

Текстот (Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откако е ослободен од Хамас е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top