(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

пред 5 часа

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски објекти низ Русија, објавија руските канали на Телеграм, а напиша и „Киев Индепендент“.

Украинската војска сè уште не го коментирала нападот, а „Киев Индепендент“ не можел независно да ги потврди обвинувањата.

Напад врз клучна рафинерија
Локалните жители пријавиле штета и објавиле фотографии и видеа на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи воздушна одбрана во акција.

Иако пожарот не бил веднаш забележан, на ноќното небо биле видени моќни блесоци во правец на рафинеријата. Рафинеријата, управувана од Лукоил, се наоѓа на околу 450 километри од линијата на фронтот и игра клучна улога во снабдувањето со гориво на руската војска.

Фабриката и претходно беше цел на украински напади, принудувајќи ја да го запре производството барем еднаш.

Загинати цивили, оштетени куќи
Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, објави дека во нападот се оштетени една станбена зграда и неколку куќи, како и дека едно лице е убиено.

„Цивил, 48-годишен маж, починал од шрапнели од гранатирање“, објави тој на Телеграм. Бочаров, исто така, потврди дека избувнал пожар во индустриска зона во Красноармејскиот округ во Волгоградската област.

Во исто време, експлозии одекнаа и во термоцентралата во Волгореченск во регионот Кострома, која се наоѓа на околу 740 километри од украинската граница и североисточно од Москва.

Во окупираниот Крим, беше погодено складиште за нафта во градот Битумне во близина на Симферопол, објави каналот на Телеграм „Кримски ветер“.

Текстот (Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top