(Видео) Украински дронови погодија голема руска рафинерија за нафта во Самарската област

(Видео) Украински дронови погодија голема руска рафинерија за нафта во Самарската област

пред 1 час

Украински беспилотни летала, според наводи на руски канали на „Телеграм“, во текот на ноќта на 12 јули ја погодиле големата рафинерија за нафта во градот Сизрањ, во Самарската област во Русија.

Локални жители на социјалните мрежи објавија фотографии и снимки на кои се гледа голем пожар и густ црн чад над рафинеријата. Објектот се наоѓа на повеќе од 800 километри од украинската граница.

Рафинеријата во Сизрањ има капацитет за преработка на околу девет милиони тони сурова нафта годишно и, според достапните информации, обезбедува гориво за руското воено воздухопловство и воените единици во централните и јужните делови на земјата. Нејзините нафтени деривати се извезуваат преку реката Волга и Каспиското Море.

Засега нема официјални информации за обемот на штетата предизвикана од нападот.

Киев енергетските објекти во Русија ги смета за легитимни воени цели, со образложение дека тие обезбедуваат гориво и финансиски средства за руските воени операции.

Ова е еден во серијата напади врз руски нафтени капацитети. На 9 јули, според украински извори, бил погоден рафинериски објект во Илски, во Краснодарскиот крај, а претходно, на 8 јули, била нападната и рафинеријата во Саратов, по што наводно било прекинато производството.

Нападите врз енергетската инфраструктура дополнително го зголемуваат притисокот врз рускиот пазар на гориво. Руската влада претходно најави забрана за извоз на дизел гориво најмалку до крајот на месецот, по серијата напади врз енергетски објекти.

Текстот (Видео) Украински дронови погодија голема руска рафинерија за нафта во Самарската област е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top