(Видео) Украинските напади даваат резултати: половина од бензинските пумпи на Крим останаа без бензин

(Видео) Украинските напади даваат резултати: половина од бензинските пумпи на Крим останаа без бензин

пред 15 часа

Околу 50 проценти од бензинските пумпи во окупираниот Крим и Севастопол престанаа да продаваат бензин поради прекини во снабдувањето со гориво, објави рускиот провладин медиум „Комерсант“.

Изданието, повикувајќи се на податоци од следење на 17.000 руски бензински пумпи, наведува дека недостиг е регистриран и во други региони, но ситуацијата е најтешка на полуостровот.

Јужниот федерален округ, кој го вклучува и окупираниот Крим од Русија, беше меѓу најтешко погодените, со повеќе од 220 станици, или 14,2 проценти од вкупниот број, кои ја запреа продажбата на гориво.

Помеѓу 28 јули и 22 септември, бројот на бензински пумпи што продаваат гориво во Русија се намали за 2,6 проценти.

Прекинот следеше по бранот украински напади со беспилотни летала врз руските рафинерии во август, што ги ограничи снабдувањето и ја принуди Москва да го намали извозот.

Според „Фајненшл тајмс“, Украина нападнала најмалку 16 од 38-те рафинерии на Русија од август 2025 година, туркајќи го рускиот извоз на дизел на најниско ниво од 2020 година.

Украина ги повика западните сојузници да воведат дополнителни санкции врз руската енергија, тврдејќи дека намалувањето на приходите од нафта ќе ја ослабне способноста на Москва да ја финансира војната.

Текстот (Видео) Украинските напади даваат резултати: половина од бензинските пумпи на Крим останаа без бензин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top