Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена операција во која дрон достави копнен робот на непријателска територија, кој потоа самостојно изврши борбена мисија.
Ова е нова тактика на комбинирање на повеќе без-екипажни системи во една операција. Голем транспортен дрон пренесе копнено возило без екипаж (UGV) ARK-1 зад непријателските линии, каде што роботот носеше противтенковска мина TM-62 дизајнирана да уништува утврдени позиции или оклопни возила, пишува Forbes.
Нова фаза во развојот на беспилотното војување
Досега, големите дронови главно служеа како еден вид „матичен брод“ за помали FPV дронови, кои ги транспортираа на долги растојанија и ги лансираа непосредно пред нападот. Украина во последниве години разви цела низа комбинации на беспилотни системи – од поморски дронови што лансираат воздушни летала до копнени роботи што транспортираат муниција или FPV дронови.
Z-channels posted a video showing a Ukrainian heavy drone airlifting a ground-based kamikaze robot to destroy Russian fascists.
Ukraine is increasingly replacing people with robots, while the Führer continues to wage war with human meat. pic.twitter.com/jAoehukDqm
— распад и неуважение (@VictorKvert2008) July 19, 2026
Најновиот пример претставува нов чекор напред, бидејќи наместо дрон, се доставува цел копнен робот способен самостојно да извршува задачи.
ARK-1 е мало повеќенаменско возило на тркала кое може да патува повеќе од 14 километри носејќи товар од околу 15 килограми. Опремен со сателитска комуникација Starlink, роботот може да се контролира од практично секоја локација, дури и стотици километри оддалеченост од командниот пункт.
Текстот (Видео) Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон е превземен од МАКФАКС.




