(Видео) Украинците нападнаа руско пристаниште, погодиле траект полн со гориво

(Видео) Украинците нападнаа руско пристаниште, погодиле траект полн со гориво

пред 2 години

По денешниот украински напад на траект полн со гориво во руското пристаниште Кавказ, во јужниот регион Краснодор, избувна пожар, соопштија локалните власти. Во моментов се проценува степенот на пожарот и се утврдува дали има жртви.

Неколку руски медиуми објавија снимки и фотографии од местото на настанот на кои се гледа како пламен и густ чад се издига од пристаништето.

Претходно денеска претседателот Владимир Путин ја обвини Украина за обид за напад на руската нуклеарна централа во Курск и рече дека за тоа била информирана Меѓународната агенција за атомска енергија.

Алексеј Смирнов, вршител на должноста гувернер на Курск, рече дека РБМК-1000, нуклеарна централа со четири советски реактори, е „стабилна“.

Текстот (Видео) Украинците нападнаа руско пристаниште, погодиле траект полн со гориво е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top