Протести на државните службеници во Порторико

пред 2 години

Затворени улици во порториканскиот главен град Сан Хуан, остри свирежи измешани со тапани и удирање лажици по тенџериња следеа по протестите на државните службеници кои протестираат и бараат подобри плати и пензии

Толпата беше бучна, а демонстрантите носеа транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше „Нормални плати сега!“, пренесува Ројтерс.

Тоа е барање слушнато во последните недели во Порторико за време на уличните протести на државните службеници и нивните поддржувачи, охрабрени од илјадници наставници во државните училишта кои ги напуштија училниците на почетокот на февруари барајќи покачување и подобри пензии.

Протестите стануваат се помасовни и претставуваат еден од најголемите предизвици за гувернерот Педро Пјерлуис.

Пратениците во Порторико се единствените вработени во јавниот сектор кои имаат автоматско зголемување на платите во согласност со зголемените трошоци за живот.

Повеќето други јавни службеници на оваа американска територија немаат зголемена плата повеќе од една деценија, а некои дури и две.

Трошоците за живот се зголемија, а Порторико помина низ долга економска криза и банкрот на владата по катастрофалните временски катастрофи, урагани, земјотреси и пандемии.

Сметките за струја и вода се речиси 60 отсто повисоки во Порторико од просекот во САД, намирниците се за 18 отсто поскапи отколку на копно, иако трошоците за здравствена заштита и домување се пониски, се вели во извештајот на Заводот за статистика на Порторико.

Share
Scroll to Top