Србија и Унгарија одржаа заедничка воена вежба „Соседи 25“ со цел зголемување на нивото на соработка меѓу армиите на двете земји и размена на борбени искуства, соопшти српското Министерство за одбрана.
$bp(“TargetVideo_59901258”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”2366954″,”autoplay”:0,”shared”:true});
Вежбата се одржа на воениот полигон Пасуљанске ливаде со учество на припадници на Првата бригада на српската армија и 30-та механизирана бригада на Унгарија.
За време на повеќедневната вежба, војниците заедно ги вежбаа дејствата на единиците во тактички операции, вклучително и употребата на современи борбени возила, комуникациски системи и опрема за собирање и обработка на разузнавачки информации.

Ова е десетта заедничка вежба наречена „Соседи“ што ја спроведуваат вооружените сили на Србија и Унгарија.





Текстот (Видео/Фото) Србите и Унгарците одржаа заедничка воена вежба е превземен од МАКФАКС.






