(Видео) Хаити прогласи тридневна жалост по ураганот Мелиса, најмалку 30 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето

(Видео) Хаити прогласи тридневна жалост по ураганот Мелиса, најмалку 30 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето

пред 6 часа

Хаити прогласи тридневна национална жалост почнувајќи од денес откако најмалку 30 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од ураганот Мелиса, според официјалните бројки.

Владата, исто така, прогласи тримесечна вонредна состојба во неколку региони.

Ураганот ги погоди и Јамајка, Куба и Бахамите. Мелиса ја погоди Јамајка со полна сила, убивајќи најмалку 28 лица, според прелиминарните официјални извештаи.

Министерството за култура на Јамајка соопшти дека ќе одржи добротворни концерти за собирање средства за обнова.

Под слоганот „Ја сакам Јамајка“, реге музичарите ќе настапат во Кингстон од 14 ноември, по што ќе следат концерти во Лондон, Њујорк, Торонто и Јужна Флорида. Целосниот распоред сè уште не е објавен.

„Како што сме правеле толку многу пати досега, се свртуваме кон нашата музика, нашата реге музика, која се покажа како лековит мелем и еликсир во време на тага не само за жителите на Јамајка, туку и за целиот свет“, напиша министерката за култура Оливија Грејнџ на Инстаграм.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Хаити прогласи тридневна жалост по ураганот Мелиса, најмалку 30 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top