Прославата на големиот триумф на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал се претвори во вистинско бојно поле. Жестоки судири меѓу навивачите и полицијата избија ширум Франција, резултирајќи со притворање на повеќе од 400 лица и огромна материјална штета.
Илјадници припадници на полициските сили беа распоредени на терен за да го спречат дивеењето кое целосно го парализираше автобускиот, железничкиот и градскиот превоз во Париз. За време на нередите масовно се користеа пиротехнички средства, огномет и факели, а во судирите беа повредени неколку полицајци. Силите за безбедност во центарот на главниот град беа принудени да употребат солзавец за да ја исклучат и притиснат гневната толпа.
Problems in Paris pic.twitter.com/KOU8r5UF4S
— Elon Musk (@elonmusk) May 31, 2026
Иако станува збор за уште еден историски успех за ПСЖ, ова е веќе втора година по ред како фудбалските славења во Франција се соочуваат со екстремно насилство. Јавноста сè уште свежо се сеќава на претходната 2025 година, кога освојувањето на европската круна заврши со трагични и смртни последици.
„Апсолутно неприфатливо!“ – изјави францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, кој соопшти дека се повредени седум полицајци.
Министерството за внатрешни работи на Франција потврди дека во раните утрински часови во неделата се уапсени вкупно 416 лица, од кои дури 280 во Париз. Според официјалниот полициски извештај, за време на нередите биле целосно уништени или оштетени шест возила, два деловни објекти и една автобуска постојка.
Il est 2h30 du matin et les tensions se poursuivent aux pieds de la Tour Eiffel à Paris.
La police tente de disperser les derniers groupes de supporters.#PSG #PSGARS #Arsenal #UCLfinal #Paris pic.twitter.com/I5HtUhL4tF
— Luc Auffret (@LucAuffret) May 31, 2026
Видео-снимките кои кружат на социјалните мрежи прикажуваат драматични сцени од Париз: запалени електрични велосипеди на улиците, масовно палење факели и навивачи кои кршат излози на продавници во срцето на градот.
Еуфоријата започна веднаш штом францускиот тим ја завери победата по изведувањето пенали, по што десетици илјадници навивачи го преплавија познатиот булевар Шанзелизе. Меѓутоа, тензиите висеа во воздух уште од претходно – првите инциденти избија во текот на денот околу стадионот „Паркот на принцовите“, каде илјадници луѓе заеднички го следеа натпреварот на големи видео-бимови.
La police est prise pour cibles par de très nombreux tirs de feux d'artifice près du Parc des Princes à Paris.
Plusieurs départs de feux dans le secteur.#PSG #PSGARS #Arsenal #UCLfinal #Paris pic.twitter.com/5PlI0NZYAi
— Luc Auffret (@LucAuffret) May 30, 2026
Инцидентите веднаш предизвикаа лавина политички реакции и сериозни критики на сметка на безбедносната состојба во земјата. Поранешната претседателска кандидатка, Марин Ле Пен, остро реагираше на социјалната мрежа Х:
„Само во Франција победата на еден фудбалски клуб предизвикува нереди. Само во Франција граѓаните чувствуваат потреба да се заклучат во своите домови во ноќта на победата за да избегнат соочување со насилство.“
И покрај хаотичната ноќ, фудбалерите на ПСЖ попладнево треба да се појават на традиционалната победничка парада. Рутата вклучува дефиле на Марсовите полиња покрај Ајфеловата кула, по што е предвиден и свечен прием кај францускиот претседател Емануел Макрон.
Безбедносните служби се на највисок степен на приправност, особено поради фактот што минатогодишната прослава на европската титула однесе два човечки животи, меѓу кои и на едно 17-годишно момче.
Текстот (Видео) Хаос низ Франција: повеќе од 400 уапсени по историската титула на ПСЖ во Лигата на шампионите е превземен од МАКФАКС.




