Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ ги вакцинираше граѓаните.
„ Ова е борба на целата цивилизација. Ќе видиме каква ќе биде состојбата за 10 до 15 дена”, рече хрватскиот министер за здравство.
Тој ги вакцинираше граѓаните со вакцини на „Астра зенека“.
По тој повод, Берош сподели фотографии од вакцинацијата на Твитер со порака:
Preko milijun utrošenih doza, premašen dosadašnji rekord dnevnih doza, svaki 4. cijepljeni građanin… Statistika je sjajna, a biti cijepitelj na ZG velesajmu – sjajan osjećaj! Hvala svim cijepiteljima na požrtvovno odrađenom poslu i građanima na povjerenju u struku i znanost pic.twitter.com/M1U82gKwPH
— Vili Beroš (@ViliBeros) May 8, 2021
„ Поминаа повеќе од милион дози, беше надминат претходниот рекорд на дневни дози, секој 4-ти граѓанин беше вакциниран . Статистиката е одлична, а давањето вакцини на Саемот во Загреб е одлично чувство! Наука“ напиша Берош.