(Видео) Шведска и Финска поблиску до НАТО, потпишан пристапниот протокол

пред 2 години

Триесет сојузници на НАТО денеска го потпишаа пристапниот протокол за Финска и Шведска за да им се овозможи да се приклучат на Алијансата откако парламентите на земјите-членки ќе ја ратификуваат одлуката, што се смета за најзначајно проширување од средината на 1990-тите, пренесуваат агенциите.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Ова е добар ден за Финска и Шведска и добар ден за НАТО“, изјави Столтенберг пред новинарите во заедничката изјава за печатот со шефовите на шведската и финската дипломатија.

$bp(“Brid_57018012”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”1046549″,”autoplay”:0,”shared”:true});

„Ова е историски момент“

„Ова е навистина историски момент“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Со 32 нации на маса, ќе бидеме уште посилни, а нашиот народ ќе биде уште побезбеден бидејќи се соочуваме со најголемата безбедносна криза во последните децении“, додаде тој.

Протоколот значи дека Хелсинки и Стокхолм можат да учествуваат на состаноците на НАТО и да имаат поголем пристап до разузнавачките податоци, но нема да бидат заштитени со одбранбената клаузула на НАТО дека нападот врз еден сојузник е напад на сите до ратификација. Ова веројатно ќе потрае и до една година.

Генералниот секретар на НАТО зборуваше во пресрет на средбата на која амбасадорите на 30-те земји членки на НАТО ги потпишаа пристапните протоколи за двете нордиски земји.

„Ние сме исклучително благодарни“

„Ние сме исклучително благодарни за сета силна поддршка што ја добивме од сојузниците“, рече шведската министерка за надворешни работи Ен Линде.

„Убедени сме дека нашето членство ќе го зајакне НАТО и ќе придонесе за стабилноста во евроатлантската област“, ​​додаде таа.

По руската инвазија на Украина во февруари, Шведска и Финска истовремено ја објавија својата намера да се откажат од својот неутрален статус и да станат дел од НАТО.

Share
Scroll to Top