(Видео)Наредба за итна евакуација во неколку градови во Холандија, по страшните поплави во Германија

пред 3 години

Откако страшни поплави ги погодија Германија и Белгија, илјадници луѓе на југот на Холандија беа известени за итна евакуација за да ги избегнат поплавите бидејќи нивото на водата во реките е на многу високо ниво и постои опасност да се излее од коритата на реките.

Неколку градови и села покрај реката Меуз во провинцијата Лимбург се известени и бараат локалното население да најде засолниште до утре попладне бидејќи има големи шанси нивните домови да бидат поплавени во наредните часови.

Висината на водата во реките Меуз и Рур денес достигнаа рекордни нивоа и ја надминаа висината што доведе до големи поплави во 1993 и 1995 година.

Во Валкенбург, јужно од Лимбург, недалеку од границата со Белгија и Германија, поројот веќе го погоди центарот на градот, поради што беа евакуирани неколку домови за стари лица. Најмалку еден мост беше срушен. Неколку куќи беа поплавени во таа провинција а стотици војници беа испратени да помогнат во борбата против надојдените води.

Досега нема пријавено жртви и ситуацијата е помалку опасна отколку во соседна Германија, каде што загинаа десетици луѓе, а повеќе се водат за исчезнати, пренесуваат тамошните медиуми

Share
Scroll to Top