Влошување на здравствената ситуација во Грција, вирусот се шири меѓу младите

пред 3 години

Портпаролката на грчката влада Аристотелија Пелони изјав дека епидемиолошката состојба во Грција е влошена.

„Во последните десет дена има зголемување на случаите и драстичен пад на просечната возраст на нашите сограѓани заразени со вирусот, на 27 години. Во јужните области на Атина, каде што е утврдена особено висока стапка на заразени луѓе, околу 66 проценти од случаите се на возраст од 15 до 24 години“, рече Пелони на прес-конференција, а пренесе грчката агенција АНА.

Утврдено е, како што додаде таа, дека инфекцијата на лица помлади од 30 години е поврзана со местата за забава, поради што, како што истакна, ќе бидат применети построги мерки во рестораните, баровите и ноќните клубови.

„Целта за следниот период е да ги убедиме оние кои сè уште се сомневаат во безбедноста и ефикасноста на вакцините да ја искористат привилегијата за вакцинирање“, рече Пелони.

Портпаролката посочи дека Грција е во нова фаза на пандемијата.

„Во нашите раце имаме штит што го немавме во претходната фаза – тоа е вакцината до која сите граѓани имаат универзален, бесплатен и директен пристап. Вакцините се ефикасни, тие делуваат и нè штитат. Оние што сè уште не го сториле тоа, треба веднаш да се вакцинираат“, рече Пелони.

Share
Scroll to Top