На полноќ во Австрија стапи на сила нов режим за влез во земјата.
Според новите правила, само патниците кои примиле три дози од вакцината против коронавирус можат да влезат во земјата без дополнителни документи.
Според новата Регулатива за влез во Австрија, веќе не важи списокот на земји со висок ризик. Така, граѓаните ширум светот кои примиле бустер доза можат да влезат во Австрија без дополнителни услови.
Причина за олабавување на режимот за влез во земјава е тоа што и во Австрија доминантен е сојот омикрон.
За оние кои не ја примиле третата доза од вакцината важи таканареченото правило „2G плус“, што значи дека вакцинираните или прележананите од ковид можат да влезат во земјава само доколку имаат негативен ПЦР тест.
Лицата кои имаат документи „2G“ – потврда за прележан Ковид-19 или потврда за вакцинација со две дози, а немаат негативен ПЦР тест мора да бидат ставени во карантин, кој може да се прекине по ПЦР тест кој има негативен резултат.
Де факто не е можен влез во Австрија за невакцинирани или лица кои не го прележале вирусот за туристички цели.
Вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО) како што се Бионтек / Фајзер, Астразенека, Џонсон и Џонсон, Модерна, кинеските вакцини Синофарм и Синовак, како и Коваксин, Кововакс и Новакс.
Руската вакцина Спутник не е призната.