Директорот на британската Национална здравствена служба (НХС) рече дека во моментов во болниците има 11.000 пациенти со коронавирус кои се во многу сериозна состојба, што е доволно за да се наполнат 22 болници.
Сајмон Стивенс објави дека има значително зголемување на приемите во болница во октомври, пишува „Би-би-си“.
„На почетокот на септември, хоспитализиравме помалку од 500 заразени со Ковид-19. На почетокот на октомври, бројот на заразени во болниците се искачи на 2.000, а денес има нешто помалку од 11.000″, рече Стивенс.