Во Велика Британија расте бројот на заразени со коронавирус, регистрирани 26.068 нови случаи

пред 3 години

Велика Британија забележа 26.068 случаи на зараза со Ковид-19, што е највисока бројка од 29 јануари, кога имаше 29.079.

Во последните 24 часа починаа 14 лица, додека на 29 јануари, бројот на смртни случаи беше значително поголем – 1.245, пишуваат британските медиуми.

Во Велика Британија е јасно видливо значителното зголемување на бројот на заразени во последните месеци. Кон крајот на април и почетокот на мај, просечниот дневен број на нови случаи беше околу 2.000, за да се искачи на 3.000 на крајот на мај и на 10.000 во средината на јуни.

 

Share
Scroll to Top