Во Германија е зголемена кражбата на гориво

пред 3 години

Во Германија има зголемен број кражби на гориво на бензинските пумпи, пренесуваат агенциите.

Според „Билд“, статистиката за кривични дела за минатата година, која ќе биде претставена на крајот на април, покажува дека е забележан значителен пораст на кражбите на гориво.

Така, лани биле евидентирани 5.800 вакви случаи, што е зголемување за цели 70 отсто во однос на 2020 година.

И покрај видео надзорот на бензинските пумпи, се повеќе Германци го полнат резервоарот и бегаат во непознат правец.

„Немаме објаснување за оваа појава“, соопшти полицијата.

Поради поскапување на горивата, полицијата евидентира дополнително зголемување на кражбите на гориво, пишуваат тамошните медиуми.

„Во последните четири недели снимивме дури десет такви дела“, изјави Гинтер Фридел, шеф на Здружението на баварски бензински пумпи.

Минатата година имало шест вакви случаи месечно, појасни тој.

Истовремено се намалил и бројот на кражби на автомобили, но зголемен е бројот на кражби на автоделови.

„Пред се, катализаторите се мета на крадците“, велат од полицијата.

Share
Scroll to Top