Девет од десет случаи во Грција може да се припишат на омикрон варијантата на коронавирус, изјави заменик-министерката за здравство Мина Гага.
Таа рече дека на 30 декември омикрон имал учество од 82 отсто од сите случаи, а само еден ден подоцна бил 89 отсто, објави „Катимерини“.
Со оглед на зголемениот притисок врз итните здравствени служби, таа ги повика луѓето кои се позитивни на антигенски тест да не брзаат во болниците да направат ПЦР тест, туку тоа да го пробаат во локалните амбуланти.
Приватниот медицински сектор денеска треба да добие официјален допис од владата со барање да му помогне на јавното здравство, рече Мина Гага.